Премиера – Maserati MC20 Cielo

Небото на дофат

Најновото изненадување за ова лето пристигна во спајдер издание. Супер спортскиот Maserati MC20 сега станува посветен на уживањето во возењето на отворено. Како модел МС20 е лансиран пред две години и ја отсликува вистинската генетика на тризабецот од Модена. Maserati Corse со изведбата Cielo (на италијански „небо“) ги задржа сите карактеристики на купето и од оправдани причини ја зголеми тежината за 65 килограми. Тоа е поради електрохроматскиот стаклен покрив кој, покрај можноста да се избере затемнетост или панорамски поглед, автоматски се преклопува за 12 секунди и купето го трансформира во спајдер. Згора на тоа, за ефектот да биде потполн, вратите се отвораат кон небото. Опремен со револуционерниот V6 Nettuno мотор од три литри на располагање се 621 КС и 730 Nm, па не зачудува максималната брзина од 320 км/ч. Cielo нуди совршен спој на спортски перформанси и луксуз. На нив се додава и широк опсег на системи за активна безбедност како сензорите за паркирање, камерата за заден поглед и следењето на мртвите точки, автономна сопирачка за итни случаи, информации за сообраќајните знаци и нова камера од 360°. За потполно „небеско“ доживување задолжен е опционалниот аудио систем High Premium Sonus специјално оптимизиран за да одговара на уникатните акустични потреби на кабината со 12 звучници. Во Maserati МС20 Cielo, врската со небото е централна тема. Покрај непречениот поглед кон него, ќе мора да се издвои и „небесна“ сума повисока за 30.000 евра од онаа на купето. Продажбата треба да започне во првиот квартал на идната година, доволно време заинтересираните да соберат околу 260.000 евра, колку ќе чини на пазарите во ЕУ.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER