Премиера – KIA Picanto

Следната година доаѓа темелно обновениот Picanto со храбар изглед, подобрени мотори и зајакнат карактер

Во светот каде градските автомобили со класични мотори стануваат загрозен вид, KIA го покажува спротивното. Најмалиот член во гамата на корејската марка добива поагресивен стил заедно со подобрената технологија во внатрешноста на кабината и два атмосферски мотори во понудата.

Поради намалувањето на емисијата на штетни издувни гасови отпадна турбо моторот. Генерално, ревидираниот Picanto сега изгледа помажествено. Новиот дизајнерски јазик, кого KIA го нарекува „Opposites United“ (обединети спротивности), има за цел да обезбеди увид во идната дизајнерска насока на Корејците. Врвот на вториот фејслифт е новото лице, со новите фарови во форма на буквата Y.

LED технологијата за нив е достапна опционално.  Браникот е нов со ревидирана решетка во форма на тигров нос, има хромирани елементи и покомплексна форма. Профилот е во голема мерака задржан додека назад, Picanto доби нов пар LED задни светла кои сега се поврзани под задното стакло. Задниот браник е ажуриран со поостри стилски знаци, вклучувајќи поагресивен дифузор и прикриени издувни цевки.

Претставениот модел е припадник на највисокото ниво на опременост GT-Line, додека основниот модел ќе има поедноставен дизајн. Основниот модел ќе се испорачува со тркала од 14 инчи, за разлика од GT-Line кој добива легури од 16 инчи со завршна обработка во форма на дијамант. Палетата на бои се состои од 9 опции, вклучувајќи 4 нови нијанси. И покрај тоа што изгледа мускулесто обновениот Picanto е побавен од неговиот претходник, бидејќи турбо моторот 1.0 T-GDi со 100 КС е укинат од понудата.

Ова е некако чудно бидејќи неодамна фејслифтираниот близнак Hyundai i10 ја задржува оваа опција. Во Европа Picanto ќе биде достапен со избор од два бензински двигатели, трицилиндерскиот 1.0 MPi или четирицилиндерскиот 1.2 Mpi. И двата имаат подобрена рециркулација на издувните гасови, ладење на комората за согорување и оптимизиран тајминг на вентилите за довод што резултира со поголема ефикасност и помали емисии.

Моќта се пренесува на предните тркала преку пет степен мануелен или автоматски менувач со ист број на преноси. Во однос на динамиката на возењето, инженерите тврдат дека Picanto ја задржува спортската поставеност на потпирањето и векторирање на вртежниот момент што ќе го лоцира меѓу најзабавните опции за возење во А сегментот. Во внатрешноста промените се помалку суштински иако технолошкиот аспект е подобрен и материјалите се ажурирани.

Распоредот на контролната табла е задржан, но  Kia Connect инфозабавниот систем со осум инчен екран сега е компатибилен за надградби преку воздух. Воедно, поддржува двојни Bluetooth конекции, онлајн препознавање глас, Apple CarPlay и Android Auto. Централниот дисплеј ги задржува физичките копчиња и е комбиниран со стандардна 4,2 инчна дигитална инструмент табла.

Во основната изведба Picanto добива тапацир од црна ткаенина за седиштата, додека кај GT Line се надоградува со вештачка кожа, следејќи ја посветеноста на Kia за ентериер без кожа. Безбедносната опрема е исто така подобрена со нови и ажурирани ADAS кои се достапни во зависност од нивото на опременост и ќе има до шест воздушни перничиња. Kia се надева дека фејслифтираниот Picanto ќе го продолжи продажниот успех на својот претходник, кој е најпродаваниот производ на марката во неколку региони.

Не е кажано дали ова ќе биде последното Picanto со мотори со внатрешно согорување, но стратегијата на Kia вклучува 15 нови целосно електрични модели до 2027 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER