Премиера – BMW 4 Coupe & Cabriolet – Ревидиран изглед и благи хибриди

BMW серија 4 доби фејслифт на изведбите купе и кабриолет засилувајќи ги со благи хибриди

Што треба да се направи кога работата е од почеток направена како што треба? Сепак, Баварците не се опуштаат и вдахнаа нова свежина на дуото претставителни модели. Иако минимални надворешни и внатрешни дотерувања, превземените зафати се забележителни. Тоа најдобро се осликува на светлосните групи кои добија поостра форма и графика. Кај изведбата M440i стандардни се ласерските фарови и стоп светла кои преку диоди што осветлуваат снопови стаклени влакна создаваат привлечна тридимензионална светлосна графика. Кај „послабите“ изведби тие може да се добијат со доплата. Надворешноста ја красат нови  19 инчи тркала и ревидирана палета на бои. Изведбите 430i имаат мат хромирани акценти и нов мрежен дизајн на дифузорите, додека M440i има нова сјајна црна решетка со ознака M. Спортската варијанта има и црни завршни завршетоци на издувните цевки, како и сјајни црни елементи. Купувачите кои бараат нешто поагресивно може да добијат опционален M Carbon надворешен пакет. Малите ажурирања продолжуваат внатре бидејќи автомобилите се опремени со нов управувач на кого се поставени лопатки за менување на преносите, стандардни спортски седишта, ревидирано амбиентално осветлување и нови отвори за вентилација. Моторите имаат мноштво надградби, вклучувајќи „редизајн на влезните порти и коморите за согорување“, како и „иновации во областа на контрола на брегастата осовина, вбризгување, системот за палење и насочување на издувните гасови“. Под хаубата, 430i има дво литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач со благ хибрид. И покрај сите промени, моќноста останува непроменета. На располагање се 259 КС и 400 Nm вртежен момент. Три литарскиот линиски шестак ја задвижува изведбата M440i. Кај него има придобивки од благиот хибриден систем, кој може да испорача засилување од 11 КС и 200 Nm. Како резултат на тоа, погонската единица има комбинирана моќност од 391 КС и 539 Nm вртежен момент. Купе и кабриолет изведбите ќе бидат глобално лансирани идниот месец. Цените ќе доживеат незначително поскапување, а кабриолетот ќе биде поскап од купето за околу 10.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER