Премиера BMW 3 Series – Ажуриран стил и зголемена моќност

Популарната „тројка“ помина низ зафати за затегнување на брчките и засилување на мускулите. Сега нејзината сила достига до 530 коњи.

Во средина на животниот циклус серијата 3 доби освежувања со кои ќе остане актуелна за купувачите и непријатна за конкуренцијата, каква што е впрочем скоро пет децении.

И кај двете каросериски верзии, седан и караван, козметичките зафати не се спектакуларни, напротив, тие се дискретни и одмерени. Сега каросеријата може да се добие со ревидирана палета бои од кои две нови. Покрај нив    моделите опремени со пакетот M Sport, кој е стандарден кај M340i, имаат нови 19-инчни алуминиумски тркала со дизајн со двојни краци, како и двобојна или Jet Black завршница.

Во внатрешноста возачите ќе забележат нов волан и „каскадно осветлување“ што е интегрирано во облогата околу новите централни отвори за воздух. На располагање се девет различни бои на амбиеталното осветлување и прилагодување на интензитетот. Додадени се анимации за добредојде и збогум, како и „светлосни сигнали што укажуваат на одредени сценарија како што се дојдовен телефонски повик или отворена врата“.

Надградена е контролна табла Sensatec и надградена е инфозабавата со оперативниот систем 8.5 на BMW. Ажурирањата продолжуваат под хаубата. Задржан е изборот на мотори со распон на силата од 150 до 286 КС.

Сега M340i го задвижува три литарски TwinPower Turbo мотор со шест цилиндри кој располага со 48V благ хибриден систем за поостра испорака на моќност и поголема ефикасност. Тој произведува 391 КС и 539 Nm вртежен момент, што е зголемување за четири коњи и 39 Nm. Моторот е поврзан со осум-брзински автоматски менувач, кој му овозможува забрзување до стотка за само 4,3 секунди кога е опремен со погон на сите тркала.

Возачите со „тешко стапало“ ќе достигнат до електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч. Дволитрениот турбо-бензинец со четири цилиндри во 330i, исто така, е преработен бидејќи има редизајнирани влезни порти и комори за согорување, како и иновации во областа на контрола на брегастата оска, вбризгувањето, системот за палење и насочувањето на издувните гасови.

И покрај промените, благиот хибриден погон продолжува да произведува 259 КС и 400 Nm вртежен момент. Приклучните хибриди се искачуваат на ново скалило. 330е може да се добие со погон на задните или xDrive. Поради новата високо напонска батерија од  19.5 kWh со зголеме густина на енергијата овозможува поминување на 96 електрични километри за седанот и 96 км за караванот.

Системската моќност отана 292 КС. На врвот секогаш се изведбите што ја имаат буквата М пред бројката. Така М3 за оваа прилика во двете каросериски изведби, седан и караван, доби 20 коњи повеќе и сега може да се пофали со вкупно 530 КС што се дистрибуираат на сите тркала.  Според М Кар, увозникот на BMW, првите примероци на  ревидираната „тројка“ во Македонија ќе пристигнат во август без промена на актуелните цени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER