Пикап на годината 2023

Хет-трик за Amarok и Ranger

Наградата за пикап на годината по трет пат ја освоија Volkswagen Amarok и Ford Ranger

Годинава ќе остане запишана во аналите на комерцијалните одделенија на Volkswagen и Ford по заслуга на Amarok и Ranger кои по трет пат секој за себе ја освои титулата меѓународен пикап на годината. Жирито составен од дваесет члена време на тест-возењата на финалистите остана најимпресионирано токму од нив, доделувајќи им ја наградата пред останатите новитети од овој во Европа малку запоставен сектор. Иако за прв пат откако е воспоставен овој избор се случува да бидат прогласени двајца победници, тоа не изненадува бидејќи во основа се работи за еден ист модел настанат како резултат на договорената соработка на Volkswagen и Ford во комерцијалниот сектор. И двете возила кои главно се разликуваат во дизајнерските финеси се конструирани на иста основа и се произведуваат во иста фабрика во Јужна Африка, така што жирито не можеше одвоено да ги оценува.

Титулата пикап на годината се доделува на секои две години. Нејзини освојувачи досега се Volkswagen Amarok (во 2011 и 2018), Ford Ranger (2013 и 2020), Nissan Navara  (2016) и Toyota Hilux (2022 година).

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER