Патот кон електрификацијата води низ процентите

Патот кон електрификацијата води низ процентите

На европските патишта во моментов циркулираат нешто над 1,3 милиони електрични и plug-in возила, што не претставува ниту половина процент од вкупниот возен парк
Објавено на 1 декември 2018 година

Европа дефинитивно тргна на патот кон електрификацијата – продажбата на возила задвижувани на струја во првите три квартала од годинава порасна за 35 отсто. Истовремено, дизел возилата забележаа минус од 18 отсто, а бензинските пораст од 15%. Продажбата на хибридите пак, порасна за 34 отсто. Иако ја надминаа бројката од 290 илјади примероци за овој период, апсолутно гледано електричните возила се далеку од влијателен фактор во бројките за продажбата. Сепак нивното учество од два и нешто проценти во вкупниот број нови регистрации се толкува како охрабрувачко. Аналитичарите очекуваат нивниот број годинава да надмине 400 илјади, а трендот на силен двоцифрен пораст да продолжи и понатаму. Блага резервираност постои во поглед на можноста индустријата да обезбеди доволен број компоненти за нивно производство. Неславен факт е дека на испорака на некои електрични возила се чека меѓу 15 и 18 месеци. Сепак целокупно гледано, прогнозите се силни.

Нормално, продажбата по земји е далеку од рамномерно распределена. Во овој момент купувачите во Германија, Норвешка и Велика Британија набавуваат половина од новите еколошки возила продадени во цела Европа. Но високите проценти на пораст ветуваат. Лидер е Данска со екстремни 380 проценти пораст на продажбата на електричните и plug-in возила. Одлични со повеќе од 100 отсто се и Холандија, Португалија и Финска, а Италија е веднаш зад нив. Во поглед пак на вкупното учество на ваквите возила на пазарот, далеку предничи Норвешка со скоро 40 отсто. Следат Исланд со нешто над 20 и Шведска со 12 отсто. Меѓу брендовите, малку изненадува првото место на BMW далеку пред Volkswagen. Следат Nissan и Renault, а ниту Hyundai, Kia, Daimler и Tesla не се лоши. Од другите производители се издвојуваат уште и Volvo и Mitsubishi, а останатите се само симболично присутни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER