Општина Центар сама ќе ги бележи улиците

Општина Центар сама ќе ги бележи улиците

Објавено на 9 октомври 2019 година

Од идната 2020 година јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар целосно ќе го преземе бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците и паркиралиштата на територија на општината. Претпријатието за таа намена набави нова машина од познатиот американски бренд Graco, модел LineLazer V 5900, со која редовно ќе се бележат улиците и паркиралиштата кои се под надлежност на општината. Набавката е извршена преку фирмата ГФП од Белград, избрана како најповолен понудувач на тендерот. Ангажирањето на оваа механизација чини 700.500,00 денари.

ЈП Паркинзи на општина Центар планира да започне со редовно бележење на улиците и паркиралиштата во март 2020 година, кое ќе придонесе добро уредена, ефикасна и безбедна хоризонтална сигнализација на територија на општина Центар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER