Опасност на патот Маврови Анови-Дебар

Македонија

Опасност на патот Маврови Анови-Дебар

Објавено на 8 декември 2019 година

Доцноесенските дождови се опасност за сообраќајот посебно на делници како што е патниот правец Р1202 Маврови Анови-Дебар. Имено, од утринава 9 часот заради одрон на патот се одвива отежнато, по наизменично една сообраќајна лента. Дежурните екипи за одржување на патиштата работат на расчистување на патот и нормализирање на сообраќајот по двете коловозни ленти, но опасноста од нови одрони останува, затоа се препорачува зголемено внимание прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација посебно на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.