Од VLV до новиот e-2008 – 80 години упорност

Занимливости

Приказната за електричната револуција на Peugeot

Осум деценијската историја на електрични возила на ”францускиот лав” конечно вродува со плод

објавено на 27.07.2020

Електричен погон се користеше од неколку производители во раните денови на автомобилот, но брзо беше напуштен во корист на нафтата. Peugeot го проучуваше погонот на ектрична енергија уште во 1902 година на возила за достава. Беа произведени неколку модели, но проектот беше оставен во мирување. Првото електрично возило пуштено во продажба беше моделот  VLV (Véhicule Léger de Ville) односно лесно гратско возило пуштено во продажба во воената 1941 година кога се бараа алтернативни горива бидејќи фосилните беа резервирани воглавно во воени цели. VLV беше произведувано во Париз од јуни 1941 до февруари 1943 и беа направени 377 парчиња.

Во 70-тите и 80-тите години на минатиот век повторно се врати интересот за електричните возила кога Peugeot ги здружи силите со компаниите Alstom и Electricté de France за да понудат електричен погон за моделот 104 а подоцна и за доставните Ј5 и Ј9. Во 1983 започна нова програма со популарниот Peugeot 205 и истата продолжи со моделот 106 од кого се произведени 3.542 електрични примероци. Во текот на 90-ите години се појави плејада на студии и концепти кои беа пренапредни за тоа време.

Прв беше ION, го следеа  TULIP и Touareg кој беше замислен како баги или теренец а концептите за гратски возила  е-Doll и Bobslight,  имаа замисла да бидат погонувани со четири електро-мотори, по еден на секое тркло. Во почетокот на актуелниот милениум неколку концепт автомобили го илустрираа континуираниот интерес на Peugeot да развие апликативен електричен модел преточен во концептот BB1 претставен на саемот во Франкфурт во 2009 и фабулозниот EX1 концепт од Парискиот салон на автомобили следната година кој држи шест меѓународни рекорси за забрзување направени во Монтереј и Кина. Тоа повлече вистинска лавина на возила која беше положена на три технолошки столба: спокојство, задоволство и едноставност. Овие постулати станаа основа за борбата во очувување на човековата околина и против негативните климатски промени.

Смиреност затоа што опсегот на Peugeot ќе биде 50% електрифициран во 2020 година и 100% во 2025 година. Задоволство, затоа што секогаш ќе биде дел од ДНК-то на компанијата. И на крај, едноставност, затоа што изборот на каросерија не ја диктира неговата употреба. Девет месеци по лансирањето на новиот eлектричен 208, во портфолиото на марката сега има широк спектар на електрифицирани модели: е-208, е-2008, 508 HYBRID и 3008 HYBRID4 за патнички возила, потоа е-Експерт, Е-Патник и наскоро е-Боксер за комерцијални возила. Електричната револуција добро и навистина започна. Тоа важи и за нашата Македонија. Електричниот 208 веќе е возен во домашни услови каде покажа реална автономија од 350 километри и е на располагање на сите заинтересирани а наскоро ќе пристигне и електричното спортско-корисно возило е-2008 кое ќе отвори една сосема нова димензија и пристап кон овој тип возила на локалните пазари.