Не престануваат шамарите за Елон Маск од екологистите

Занимливости

Не престануваат шамарите за Елон Маск од екологистите

Објавено на 13 ноември 2019 година

Со објавувањето дека новата четврта гигафабрика на Tesla ќе ја гради во Берлин, Елон Маск уште еднаш покажа дека е решен по секоја цена да ја шири својата електрична империја. Но екологистите не му останаа должни – тие го потсетија на една студија чиј заклучок е дека производството на батерии на автомобилите од неговата марка испушта јагленород диоксид колку и 8 години возење на бензин. На нивно разочарување, иако огромни надежи се поврзуваат со електричните автомобили како решение за климатските закани, проблемите со производството на батерии сé уште остануваат еко-негативни бидејќи тоа создава неколку тони јаглерод диоксид дури и пред тие да ја напуштат фабриката. Како автор на студијата се јавува шведскиот институт за истражување на животната средина кој беше овластен од страна шведската управа за транспорт и тамошната агенција за енергетика да ги испита климатските влијанија на литиум-јонските батерии во текот на целиот нивни животен циклус. На разочарување и на авторите, и на нарачателите на студијата и секако на целокупната јавност, нивниот извештај покажа дека производството на батерии доведува до големи емисии – за секој киловат-час капацитет нивните фабрики емитуваат од 150 до 200 килограми јаглерод диоксид. Пресметката се заснова на претпоставката дека мешавината на електрична енергија што се користи во фабриките за батерии се состои од повеќе од половина од фосилните горива, што е некаде под светскиот просек. Истражувачите го немаат проучувано секој производител индивидуално, односно каков миск на енергија тие користат при производството на батерии, но бидејќи ова е глобален проблем веруваат во важноста на своите заклучоци.

А тие се дека на пример Tesla Model S кој има батерии од 100 kWh уште неизлезен на улиците има емитирано 17,5 тони јагленород диоксид, бројка која може да биде тешка за сфаќање. Како споредба, патувањето на едно лице од Стокхолм до Њујорк со авион ја оптоварува планетата со ослободување на повеќе од 600 килограми јаглерод диоксид според пресметката на Обединетите Нации. Друг заклучок на студијата е дека околу половина од емисиите произлегуваат од производство на суровини, а втората половина од производството на самите батерии. Во тоа, рударството зафаќа дел од 10-20 проценти. Студијата исто така заклучи дека емисиите растат скоро линеарно со големината на батеријата, што воопшто не оди во прилог на производителите кои вградуваат големи батерии во своите возила.

 

клучни зборови: