На што да внимавате кога купувате половен автомобил?
Кога продаваат автомобил луѓето сешто оставаат во него, затоа треба добро да внимавате пред да го купите
Објавено на 20 април 2019 година
Една британска фирма специјализирана за продажба на стари автомобили објави што сé пронашле при чистењето на возилата пред да ги понудат за продажба. Вообичаено тоа се разни отпадоци како опаковки од храна, пластични шишиња и сметки за паркинг и патарина. Но имаат најдено и заборавена роденденска торта, комплет спортска опрема, ДВД-а со филмови и слични подароци за одредена прилика. На списокот кој продолжува со скапи чевли со гравирани кристали и златни прстени се среќаваат и чудни и бизарни работи, како што се необележана урна со нечија пепел, секс-кукла па дури и овца на надувување. Во некои случаи и полицијата имала работа, како на пример при пронаоѓањето на дрога или пак исечените затворенички лисици. Сепак врв на сé е живата змија свиткана под совозачкото седиште, затоа бидете внимателни кога купувате половен автомобил.