Toyota како бренд вреди дури 64,5 милијарди долари
Interbrand, компанијата која веќе со децении е една од најценетите консултантски куќи, го објави својот годишен извештај за највредните брендови во светот
По 24-ти пат, Interbrand ги рангираше највредните светски брендови проценувајќи ги според бројни критериуми од кои најважни се три – финансиските перформанси на производите или услугите на брендот, неговата улога во процесот на одлучување за купување и третата е влијанието на брендот во однос на обезбедувањето на идните приходи на компанијата. Така, меѓу 50-те најдобри годинава 9 се од автомобилската индустрија. Нивниот редослед не изненадува премногу – Toyota генерално пласирана на 6-тото место и понатаму е највреден автомобилски бренд со проценета вредност од дури 64,5 милијарди долари.
Само едно место зад јапонската компанија е легендарниот Mercedes-Benz чија вредност е за некои 3 милијарди пониска, но и за повеќе од 10 милијарди поголема од првиот нареден, баварската гордост BMW. Изненадување но и не баш толку големо е што на доста високото четврто место (12-тото генерално) се пласира Tesla со вредност од нешто помалку од 50 милијарди долари. А зад неа на петтата позиција е Honda која вреди за половина помалку…
До крајот на топ-50 листата највредни светски брендови ќе ги сретнеме уште и Hyundai, Audi, Porsche и Volkswagen, додека Ford за влакно не влезе на неа пласирајќи се на 51-вото место. Колку за информација, највредни светски брендови се Apple кој се проценува на повеќе од 500 милијарди долари, а следат Microsoft и Amazon.