Мотоцентар со ново ексклузивно партнерство
Davanti Tyres отвори нов гумарски фронт во Македонија
Објавено на 5 април 2019 година
Британската фирма Davanti Tyres која од 1994 година изгради сеопфатна мрежа на бренд за пневматици, центри за автосервис и независни партнерски трговци, потпиша ексклузивен договор за дистрибуција со Мотоцентар. Како имател на правата за снабдување на Davanti Tyres, Мотоцентар исто така ќе нуди сервис за возачите директно преку своите специјализирани салони во Скопје, Прилеп, Штип, Куманово и Битола. Оваа компанија ќе ја снабдува целата палета на пневматици на Davanti Tyres, од целосно новите пневматици за секаков терен Terratoura, специјалните зимски пневматици за автомобили Wintoura, пневматиците со ултра високи перформанси DX640, SUV-специјалните DX740, пневматиците за лимузини DX390, за мали патнички автомобили DX240 и за лесни комерцијални возила DX440.
Горан Гроздоски, генералниот директор на Мотоцентар, рече дека партнерството со Davanti Tyres не само што ќе воведе свеж, возбудлив, нов бренд во Македонија, туку и ќе ја подобри безбедноста на возачите и пешаците благодарение на комбинацијата од напредно техничко истражување и развој и исклучително вреднување на парите. „Потрошивме многу време разгледувајќи ја палетата на пневматици на Davanti Tyres, нивниот режим на тестирање, нивната долготрајна издржливост и сме воодушевени“, рече тој, додавајќи: „Повеќе од две децении сме лидери во снабдувањето и монтирањето пневматици во Македонија и посветени сме на тоа да бидеме лидери во целата област и да поставиме високи стандарди во нашите салони, кај партнерите од мрежата и кај добавувачите. Сè што видовме и искусивме со Davanti Tyres ни покажува дека нивната палета на пневматици нуди многу напредни нивоа на перформанси, управување и кочење во секакви услови. Но, начинот на кој се развиени значи дека тие не се со претерано висока цена. Така, водечките перформанси на пазарот сега им се достапни на возачите во Македонија што се постојано на пат“.
„Многу сме возбудени за ова партнерство“, рече генералниот директор на Davanti Tyres Питер Крос. „Мотоцентар има импресивна дистрибутивна мрежа и ги споделува нашите вредности за нудење производ со висок квалитет кој се одликува со високи перформанси, токму кога потрошувачите имаат потреба од нив. На пазар каде се менуваат повеќе од 300.000 пневматици годишно, сега имаме можност на македонските потрошувачи да им дадеме избор кој нуди безбедност, квалитет, перформанси и пристапна цена“. На тоа се надоврза регионалниот директор за продажба на Davanti Tyres, Даниел Томашиќ, кој рече: „Партнерството на Davanti Tyres со Мотоцентар е возбудливо бидејќи брендот е совршено соодветен за домашниот пазар во Македонија. Нашата палета на производи е динамична и променлива, но нашата фокусираност на врвен дизајн и врвни производствени техники значи дека сме ефикасни и брзи. Davanti Tyres може да се приспособи и да иновира без да ги пренесе премиум трошоците на трговците или потрошувачите. Со други зборови, пневматиците што ги произведуваме и добавуваме даваат одлични перформанси што возачите што постојано се на пат може да си го дозволат“.
Сите пневматици на Davanti Tyres се дизајнирани во Обединетото Кралство од страна на искусни експерти од таа индустрија и се произведени во врвна постројка во согласност со постојните стандарди за Е-ознаки. Сите шарки и големини имаат одлични оцени според етикетирањето на ЕУ и независно се тестираат во IDIADA во однос на голем број критериуми со цел да се понуди премиум перформанси на клиентите од пазарот со средна категорија.