Миланскиот шармер во Скопје
Изведбата Tonale Edizione Speciale за домашните сладокусци
Најновото остварување од таборот на Alfa Romeo пристигна кај нас. Увозникот Аутомобиле СК направи големи напори пред летната пауза да го претстави на домашната публика компактното спортско-корисно возило Tonale во ексклузивната верзија Edizione Speciale.
Се карактеризира со врвно ниво на опременост, сензуален и напреден дизајн и означува вистинска метаморфоза за Alfa Romeo кон новата ера на поврзување и електрификација. Оваа ограничена специјална серија во конфигурација со мотор засилен со блага хибридна технологија од 48 V располага со вкупно 130 КС. , на домашниот пазар достапна е со исклучитено богата опрема преку која се изразува целиот спортски дух и технологија на Аlfa Romeo: радио 10.25” Nav, 12.3” инструмент-табла, спортски волан обложен со кожа и алуминиумски рачки за менувач, безжичен полнач, амбиентално осветлување, предни и задни сензори за паркирање, интелигентен адаптивен темпомат, Full LED Smart Matrix предни светла, темeн кит детали за каросерија и предна решетка во V форма, затемнети стакла, спортски алуминиумски педали, отклучување без употреба на клуч и отворање на петта врата преку сензор, 20” алуминиумски тркала, шепи на сопирачките во црвена боја.
Alfa Romeo во некои подобри времиња важеше како носител на нови технологии. Со овој курс ќе продолжи и во новата ера за компанијата. Пример за тоа е што Tonale е првиот автомобил на светот кој е опремен со NFT дигитален сертификат (non-fungible token – незаменлив токен). Базиран на „blockchain“ технологијата и поврзан на уникатен начин, NFT кај Tonale го сертифицира автомобилот при купувањето и понатаму, во текот на циклусот на користење, ја евидентира употребата на автомобилот, а главната придобивка е заштита на остаточната вредност. Во контакт со иднината, Tonale е опремен со најнапредната технологија за да обезбеди поврзување и удобност, истовремено нудејќи уживање во возењето типично за Аlfa Romeo.
Tonale нуди целосно нов интегриран систем за информирање и забава како стандард кој, благодарение на приспособливиот Android оперативен систем и 4G поврзувањето „Over The Air“ (OTA), гарантира постојано ажурирана содржина и услуги. Проектиран и дизајниран за центарот на нештата да биде токму возачот, Tonale ги соединува висококвалитетните материјали со ексклузивни обработки и им ги нуди на своите патници тајните на италијанското гостопримство. За Alfa Romeo, Tonale означува природна појдовна точка во светот на електрификацијата. Верзијата Edizione Speciale се појавува со мотор Hybrid со 130 КC со нов автоматски менувач со седум брзини, со електричен мотор “P2” од 48 V 15 kW и 55 Nm, кој е во состојба да пренесува погон на тркалата дури и кога моторот со внатрешно согорување е изгасен. За повеќе информации за новата Alfa Romeo Tonale Edizione Speciale посетете ја официјалната страна https://www.alfaromeo.mk/model/tonale/ или овластената продажна мрежа на Alfa Romeo во Македонија.