Лукоил се проширува

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Лукоил се проширува

Отворена нова бензинска станица на Лукоил во населбата Ченто

Објавено на 11 јули 2019 година

Во присуство на голем број гости меѓу кои и претставници на владата предводени од премиерот и министерот за сообраќај и врски, градоначалниците на општините Гази Баба и Арачиново, амбасадорот на Руската Федерација и блиски соработници и пријатели, Лукоил ја отвори својата 31-ва бензинска станица во Македонија. Лоцирана е во населбата Ченто, на излезот од Скопје на патот кон Арачиново и изградена по новиот корпоративен стил на компанијата. Овој повеќенаменски комплекс со површина од 2.000 m² е опремен со маркет снабден со широк асортиман на производи, паркинг за лесни и тешки моторни возила, wi-fi и други поволности и во него се вработени 12 лица. По тој повод регионален управител на Лукоил Македонија Андреј М. Куку изјави дека новата Лукоил бензинска станица е дел од стратегијата на компанија за проширување на македонскиот пазар со цел секојдневно подобрување на квалитетот на услугите. Свое обраќање на настанот имаа и премиерот и амбасадорот на Руската Федерација, кои пред медиумите истакнаа дека оваа инвестиција на Лукоил е исклучително значајна за економијата на земјата.

Лукоил е глобална нафтена компанија, втора по големина во Русија, низ чиј синџир составен од преку 5.000 продажни места во повеќе од 100 држави на 4 континенти меѓу кои и САД, протекува 2% од светската продажба на нафта. Во Македонија поседува бензински станици во Скопје, Тетово, Битола, Куманово, Охрид, Струмица, Гевгелија, Кичево, Прилеп, Велес, Штип, Кочани, Радовиш и на Стража. На македонскиот пазар учествува со околу 10 отсто од прометот со нафтени деривати.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER