Не е сé во парите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Кој може да ги сфати Американците?

Најновиот извештај на американскиот автомобилски клуб вели дека во последниве месеци бројот на возачи што останале без гориво среде пат е зголемен за 60 отсто. Причината е рекордно високата цена која се искачи над 5 долари за галон, што е нешто под 80 денари за литар. Но не дека Американците немаат пари – подеталната анализа открила дека најголем дел од возачите останале без гориво затоа што како и порано полнеле за 20 долари, без притоа воопшто да помислат дека сега за тие пари добиваат помалку. Конкретно, лани ова време за наведената сума точеле по околу 25 литри, а сега само 15. Прашањето зошто воопшто не гледале во стрелката за количината гориво во резервоарот останува неодговорено.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER