Кои возачи пцујац најмногу?

Сообраќајните текови се тест-полигион за нашите живци

Сите сме се нашле во ситуација импулсивно да реагираме зад воланот испраќајќи честитки до семејството на некој што ни пресекол патот или направил нешто друго за што сметаме дека е дрско. Но како секој човек си има сопствен карактер изразен и преку изборот на автомобилот што го има, се поставува прашањето кои возачи најмногу пцујат.

Одговорот го дадоа две илјади Британци кои се согласоа да учествуваат во анкетата која на изненадување ни откри дека луѓето зад воланот на моделите на Škoda се најжестоки со вулгарностите – во просек после 104 изговорени збора во сообраќајот следи пцовка. Блиску до нив со 107 збора се оние што возат Range Rover, а после следат сопствениците на BMW и Ford. Останатите веќе добро се одвоени, а најблаги во својот вокабулар се покажале оние кои возат Tesla, Lexus и Mercedes.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER