Безбедносна акција на Еуроимпекс
Објавено на 3 септември 2019 година
Сите ние бараме повеќе, но не и кога системот за сопирање е во прашање. Тогаш бараме помалку пат на сопирање, помалку време за застанување, помалку опасни ситуации, помалку стресови во возењето… Затоа и Еуроимпекс под слоганот „Направи пауза и погрижи се за своето возило” ги повика сите возачи навремено да ги проверат и заменат деловите од системот за сопирање кои гарантираат целосна безбедност и уживање во возењето. Не треба да се чека возилото да започне да создава звук на шкрипење од делот на сопирачките, тресење или пак времето на застанување да трае подолго, туку треба да се искористи можноста што ја нуди Еуроимпекс за сите клиенти, со промотивна цена на сите делови вклучени во системот за сопирање и на работната рака намалена за 15%. Да, во овој случај и тоа е помалку.
Акцијата која се спроведува во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија трае до 31.10.2019 година. Исто така, Еуроимпекс како генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија им стои на располагање на своите клиенти за сите консултации и совети како и поправки на своите возила.