Најголемата предност на кинеските ЕВ е нивната цена поради која привлекуваат повеќе купувачи
Цените на возилата постојано растат и тоа е тренд кој, сакале или не сакале да признаеме, е започнат со пандемијата и омасовувањето на електричните возила. Според податоците на JATO Dynamics, во првата половина на 2023 година, просечната цена на ЕВ била 66.864 евра во Европа и 68.023 евра во САД. Спротивно на тоа, просечниот ЕВ во Кина чини повеќе од половина помалку, само 31.165 евра.
Тоа е одраз на голем број фактори. Доколку сакате да купите електрично возило во САД, најевтината опција чини повеќе од двојно од најевтиното возило со внатрешно согорување расположливо на пазарот, додека во Кина, најприфатливата опција чини девет проценти помалку од најевтиното возило со внатрешно согорување. Ова е добар показател за разликата во цените што постојано расте во автомобилската индустрија.
Додека електричните возила што ги продаваат традиционалните производители на автомобили во САД, Европа и на други места сè уште чинат далеку повеќе од моделите со мотори со внатрешно согорување, во Кина, речиси секој може да си дозволи ЕВ. Трката за поголема автономија на ЕВ ги охрабри производителите да инвестираат речиси исклучиво во скапа технологија на литиум-јонски батерии.
Со цел да се скрие цената на батеријата, поголемиот дел од ЕВ се кросовери и теренци и, имаат тенденција да бидат премиум возила. На ова треба да се додадат активностите на синдикатите во САД и Европа кои ги приморуваат производителите работниците да бидат платени значително повеќе. Спротивно на тоа, поевтините хемикалии на батерии во Кина помогнаа да се намалат трошоците за тамошните електричните возила.
Дополнително, западните политичари укажуваат дека голем дел од кинеската преработувачка индустрија е поддржана од принудна работа што ја доведуваат во прашање етиката на нејзиниот успех и го зголемуваат алармот за нејзината човечка цена. Сепак, трошоците за производство не се единствениот фактор. Кинеската влада, исто така, значително го субвенционираше купувањето на ЕВ возила.
Додека САД и европските земји нудат даночни предности, пристапот на Кина е поуспешен во негувањето на индустријата која нуди широк спектар на возила. Американските потрошувачи можат да изберат од 51 целосно електричен модел, а на Европејците им се нудат 135, кинеските купувачи можат да изберат едно од 235 ЕВ. Тоа значи дека, иако има премиум возила во понуда, има и поевтини модели на располагање.
Внимавајќи на меѓународните пазари, кинеските производители на автомобили произведуваат електрични возила со ниски цени за да заработат на нивните релативно нови брендови да се зацврстат на различни пазари. Тоа го прави просечниот кинески ЕВ поевтин од неговите конкуренти ширум светот, не само во Кина.