Кинезите го освоија WTCC!

Занимливости

Кинезите го освоија WTCC!

Cyan Racing и Lynk & Co се запишаа во историјата како први кои на Кина ѝ обезбедија светска титула во некој авто-мото спорт

Објавено на 17 декември 2019 година

И Кинезите стигнаа до светска титула – после возбудливото финале на WTCR купот со трката во Сепанг, Малезија, тие од 13-те тима собраа најмногу бодови – вкупно 628 и со доволна предност пред најголемите ривали Hyundai и Honda ја освоија тимската титула. За ова основачот на Cyan Racing Kристијан Дал ќе каже: „Чувството да се победи три години по ред со три различни производители е извонредно. Со освојувањето на тимската титула во првата сезона со Lynk & Co, мисијата е комплетирана. Наредната година наша цел дефинитивно ќе биде освојување на двете титули“. На тоа Виктор Јанг, потпретседателот задолжен за комуникации во Zhejiang Geely Holding Group, се надоврза: „После напорниот тркачки викенд, Lynk & Co Cyan Racing ја заврши целата сезоната на историски начин. Тие направија солидна основа за 2020-тата и ги докажаа професионалното ниво и духот на тимската работа“.

Шведскиот тим ја започна победничката низа со титулата од 2017-та освоена со Volvo Polestar. Наредната година беше освоена во приватна режија, а сега во 2019-та со Lynk & Co, што претходно не му успеало на ниту еден тим во оваа серија. Заслуга за тоа има и солидната поддршка што ја добија од Geely Group Motorsport. За тоа Александар Мурџевски кој има наши корени и ја предводи спортската дивизија на кинескиот производител, ќе каже: „Проектот Lynk & Co 03 TCR го завршивме за рекордно време – за помалку од 25 недели од првите планови до финалниот тркачки автомобил. На него учествуваа скоро сите одделенија од сите земји во групата. Горд сум што Cyan Racing ја освои титулата“. Со високите спортски стандарди кои тимот ги покажа низ целата сезона, нивниот возач Иван Милер ја зацврсти својата позиција како најуспешен возач во туринг шампионатите. Со освоеното трето место сезонава, тој 12 години едноподруго завршува меѓу првите тројца. Оптимистички расположен, тој рече: „Ја испуштив приликата да ја освојам мојата петта титула, но чувството да се освои тимската титула во првата сезона со нов автомобил е фантастично“. Успехот го дополни неговиот тимски колега Тед Бјорк кој сезоната ја заврши четврти.

клучни зборови: