Giulia Estrema Q4 – Добива македонски таблички
Богатата изведба на миланскиот шармер во својата препознатлива сина боја е забележана во салонот на Alfa Romeo. Како што дознавме од импортерот Аутомобиле СК, таа е донесена по нарачка за однапред познат љубител на октаните. Нејзиниот четири цилиндерски мотор со помош на турбо испорачува 280 коњи и 400 Nm, сила што се пренесува на сите тркала преку осум степен автоматски менувач.
Giulia Estrema ги нема возните својства на ултимативната изведба Quadrifoglio, но нејзината опременост е на приближно ниво. Секако дека и забрзувањето е во согласност со наставката бележејќи можност од место да ja „фати“ стотка за 5,2 секунди. Обожаватели кои помалку се посветени на естетската мускулатура, а повеќе внимаваат на оние технички решенија кои можат да дадат одлична рамнотежа и динамика на возење. Всушност, активното потпирање е стандардно и благодарение на способноста да се прилагоди во реално време на условите на патот заедно со стилот на возење, придонесуваат за исклучителна удобност при возењето без воопшто да го намалат спортското управување и уживањето во возењето.
Амбиентот во внатрешноста ја нагласува спортската ориентација зачинета со скапи материјали и цитати својствени за италијанскиот дизајн. Не ни прашавме колку чини ова задоволство, тоа е во втор план бидејќи овака стокмен автомобил е наменет за вљубеници на естетиката на тркала и перформансите.