Интересни технолошки вести стигнуваат од Ford
Ford реши да ја испроба употребата на графен за подобрување на карактеристиките на одредени компоненти
Објавено на 1 ноември 2018 година
Графенот е релативно нов материјал откриен во 2004-тата година и се смета за чудесен. Толку е густ што е поцврст од челикот за 200 пати, а истовремено е еден од најдобрите проводници во светот. Значајно е и тоа што цената му е релативно ниска и може да се употреби без некои големи промени во процесот на производството. Во Ford неговата можна примена главно ја гледаат за намалување на бучавата во возилото, без дополнително зголемување на тежината. Конкретно се мисли за покривките на системот за вбризгување, пумпата за гориво и моторот. Првите лабораториски резултати покажаа за 17 отсто намалување на бучавата и зголемување на топлотната издржливост за 30 отсто, а е забележано и подобрување на механичките својства. Тоа ги охрабри истражувачите, кои сé уште ги немаат согледано сите потенцијали на овој материјал. Иако главна пречка за негово користење е лимитираното производство, од Ford велат дека веќе при крајот на годинава ќе може да се сретне во некои елементи кај F-150 и Mustang.