За среќа треба малку
Објавено на 31 октомври 2018 година
Макпетрол денес, во продажно-сервисниот салон на Honda, ги додели наградите од третото мастер и шестото редовно коло од наградната игра „Верна повторно наградува“ која започна на 1-ви март и ќе трае до 10-ти декември, оваа година. Оваа наградна игра Макпетрол ја организира веќе трета година и е наменета за лојалните потрошувачи, членови на Верна програмата за лојалност. На настанот присуствуваа претставници на компанијата Макпетрол, медиуми, како и најсреќните добитници од септемвриското мастер коло. Свое обраќање имаа раководителот на секторот маркетинг, Мишко Тасевски и директорот на дирекцијата за малопродажба, Љупчо Георгиевски. „Оваа наградна игра колку што носи радост кај нашите потрошувачи, толку повеќе носи задоволство во Макпетрол бидејќи тоа покажува дека имаме изградено взаемна доверба и долготрајна врска со нашите верни потрошувачи“ – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол. Во извлекувањето на шестото редовно коло учествуваа речиси 120.000 квалификувани трансакции, додека во извлекувањето на третото мастер коло учествуваа речиси 250.000 квалификувани трансакции и од нив беа извлечени двајцата среќни добитници на лаптоп Dell и автомобил Honda Jazz – Мирче Велковски и Никола Каровски. Љупчо Георгиевски, директор на дирекција за малопродажба, додаде: „За нас, како компанија значаен е фактот дека интересот за програмата верна и понатаму продолжува, постојано расте и се надградува, што ни докажува дека сме изградиле соодветен систем преку кој можеме да комуницираме со нашите верни потрошувачи. Досегашната прифатеност на верна програмата недвосмислено говори за задоволството на нашите лојални потрошувачи, што истовремено претставува и дополнителна обврска за нас“. Освен овие вредни награди, во шестото редовно коло беа доделени: викенд за двајца во хотелот Макпетрол во Струга, ваучери за гуми, Лубекс – моторни масла, Кристал Кар – средства за стакла, како и верна поени.
Сите корисници на Верна картичките за лојалност се потенцијални учесници во наградната игра. Во неа учествуваат сите трансакции на потрошувачите кои при секое поединечно плаќање имаат впишано најмалку 10 или повеќе поени на својата Верна картичка. Во ноември следи 7-то редовно коло, додека во декември следува извлекувањето на 8-то редовно, 4-тото мастер и воедно финалното мастер коло во кои ќе биде доделен и автомобилот Honda Civic.