За на патот кон месечината

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

НАСА го доби возилото за превоз на астронаутите

Компанијата Canoo ги објави првите фотографии на возилото развиено за американската вселенска агенција. Оваа млада компанија која се соочува со сериозни финансиски проблеми во април беше избрана на конкурсот на НАСА во кој се бараше возило без штетни емисии кое ќе има место за превоз на четири астронаути, три дополнителни члена на посадата, возач, пет торби со опрема, четири разладни единици и уште некои работи. Мисијата која има за цел да ги однесе астронаутите на површината на месечината е планирана за во 2025-тата, но Canoo возилата треба да ги испорача до јуни наредната година. Тие се базирани на нивното електрично комби кое првобитно беше планирано за 2021 година, но сé уште го нема на пазарот. Ќе има електромотор од 300 коњски сили и батерии од 80 kWh, а ќе чини 35 илјади долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER