За безгрижно летно возење на централноевропските патишта

Занимливости

За безгрижно летно возење на централноевропските патишта

Новите Nokian Powerproof SUV и Nokian Wetproof SUV се засновани на наградувана технологија

Објавено на 6 септември 2019 година

Сé поголемата популарност на моќните SUV модели и модерни кросовери предизвика растечка побарувачка за врвни пневматици за овие возила. Скандинавскиот производител на пневматици Nokian Tyres воведува нови летни пневматици за нив. Конструиран за безбедно и безгрижно возење, новиот Nokian Powerproof SUV влева сигурност и при ултрабрзи промени на лентата и при изненадно запирање, додека новиот Nokian Wetproof SUV има исклучителни карактеристики на запирање на мокра подлога и силна отпорност на пливање на пневматиците. И двата нови производа ја поседуваат технологијата на двојна безбедносна зона позната од наградуваните модели на пневматици за патнички возила Nokian Powerproof и Nokian Wetproof.

– Знаеме дека летните пневматици мораат да функционираат доверливо и безбедно од пролетните утра до доцната есен. При развојот на новите производи за SUV возилата посебно внимание посветивме на функционалноста во сите временски услови и сите околности, вели Јарно Рејтије, шеф на развојот во компанијата Nokian Tyres. И двата нови производа ја поседуваат единствената технологија на арамиден бочен ѕид на компанијата Nokian Tyres. Структурата на бочниот ѕид содржи исклучително силни арамидна влакна кои пневматиците ги прават поотпорни на изненадни удари и оштетувања кои во вообичаени околности можат да ви го прекинат патувањето.

Новите производи за SUV возила претставуваат природно продолжување на ширењето на палетата на летни пневматици Nokian Tyres наменети за централноевропскиот пазар. Како доказ за исклучителноста, и Nokian Powerproof SVU и Nokian Wetproof SUV ја добија ознаката за високи перформанси TÜV Tire. Новите производи ќе се најдат во продажба напролет 2020 година.

Nokian Powerproof SUV – прецизно управување, угодно чувство во возењето

Новиот Nokian Powerproof SUV е летен пневматик со ултрависоки перформанси наменет за моќните SUV возила кои крстосуваат по централноевропските автопатишта. Концептот на двојна безбедносна зона кој нам ни е познат од моделите наменети за патничките возила обезбедува прецизен и предвидлив контакт на пневматикот со површината. Тој се состои од две функционални зони. Стабилизирачката зона на надворешното раме на пневматикот обезбедува прецизно управување, додека зоната за неутрализирање на влагата на внатрешната страна максимално ја зголемува безбедноста на мокри коловози. Новата силна и издржлива структура, посебно развиена за брзо возење, нуди стабилност од првите моменти на пролетта па сé до вжарениот асфалт во тек на доцното лето. Газечката површина е конструирана за изискувачка употреба и големи брзини, а новата смеса Dynamic Grip SUV оптимизирана за SUV намена и нуди исклучително прилепување и максимална издржливост.

Компанија Nokian Tyres имаше задоволство и да соработува со светскиот F1 шампион Мика Хакинен. – Неговото познавање на пневматиците прв пат е применето кај моделот Nokian Powerproof за патнички возила, а продолжението на соработката за Nokian Powerproof SUV беше потполно природно, открива Јарно Рејтије. Хакинен вели дека Nokian Powerproof SUV нуди одлична комбинација на врвни перформанси, одлична издржливост и угодно чувство во возењето. Покрај сé, ги пофали и стабилноста, доверливоста и леснотијата при секојдневно возење. – Пневматикот работи доверливо и при високи и при мали брзини, на суви и мокри подлоги. Ви влева доверба, а таа ви дава безбедност, вели Хакинен.

Nokian Powerproof SUV – Безгрижност во остри свиоци

  • Прецизно и предвидливо управување при големи брзини на автопатишта
  • Максимална стабилност и угодно чувство во возењето
  • Екстрацврсти арамидни бочни ѕидови за сите животни авантури

Nokian Powerproof SUV припаѓа на горниот сегмент SUV пневматици, во категоријата ултрависоки перформанси (UHP). Изборот на големини опфаќа 29 производи од 17 до 21 инч во брзински категории V (240 km/h), W (270 km/h) и Y (300 km/h).

Nokian Wetproof SUV – Екстремна безбедност за влажни и суви коловози

Новиот Nokian Wetproof SUV е безбеден и доверлив летен пневматик наменет за мали и средно големи SUV возила. Најважните карактеристики на овој пневматик се одличната способност за запирање по мокра подлога и силната отпорност на пливање, што возењето го прават едноставно и угодно, дури и по дождливи денови. – Знаеме дека европските возачи посебно го ценат доброто прилепување и на влажен и на сув коловоз. Nokian Wetproof SUV нуди најдобра можна комбинација на влажни и суви карактеристики. Успеавме значително да ги подобриме прилепувањето на влажна површина и отпорноста на пливање, што значи дека на корисниците кои возат во влажни услови можеме да им пружиме поголема безбедност, објаснува Јарно Рејтије.

Тајната која се крие зад фино подесениот баланс меѓу влажните и сувите карактеристики е концептот на двојна безбедносна зона кој нуди безбедност и сигурност во возењето во сите услови. Газечката површина на пневматикот е поделена на две функционални зони кои нудат исклучителна комбинација на сувите и влажни перформанси. Зоната на стабилноста се наоѓа на надворешната страна на пневматикот и маневрирањето го чини едноставно и сигурно, нудејќи добра стабилност и управливост, додека зоната за неутрализирање на влагата од внатрешната страна ги подобрува прилепувањето на влажна површина и отпорноста на пливање на пневматикот. Смесата Aqua Hybrid SUV исто така нуди дополнителна безбедност по дождливо време. Оваа гумена смеса од нова генерација со напредни видови полимер и унапредена силикатна структура нуди извонредно прилепување на мокри површини и помала потрошувачка на гориво. Прилепувањето на овој пневматик на мокра површина спаѓа меѓу најдобрите во класата А.

Nokian Wetproof SUV – Безгрижност за дождливи денови

  • Екстремна безбедност за влажни и суви патишта
  • Врвна стабилност и удобност, дури и на лоши патишта
  • Екстрасилните арамидни бочни ѕидови нудат максимална издржливост

Новиот Nokian Wetproof се нуди во брзински категории H (210 km/h), V (240 km/h) и W (270 km/h), а опсегот на големини покрива 27 артикли од 16 до 19 инчи.

клучни зборови: