Електрични возила » Индонезија како пример за Европа

Индонезија како пример за Европа

Објавено на 6 септември 2019 година

Додека во Европа сé уште се дискутира за потребата за намалување на зависноста од кинеските производители на батерии за електричните возила, индонезиските власти ги презедоа првите чекори за да ја заштитат непостоечката домашна индустрија. Оваа вест воопшто не би предизвикала никакво внимание кај нас да не се две битни работи – прво, зборуваме за Индонезија, која по ниту еден критериум не може да се мери со Европа или пак со било кој друг во однос на електричните возила и индустријата за нив. Второ, на повикот на владата од Џакарта за поставување основи за поттикнување на сопствено производство на батерии и електрични возила и развој на мрежата полначи се јавија неколку производители на компоненти на автомобили и батерии, меѓу кои кинескиот CATL, јужнокорејскиот LG, јапонскиот Panasonic, но и Mercedes. Сите тие се заинтересирани да учествуваат во инвестицискиот циклус вреден 4 милијарди долари планиран од индонезиските власти, кој предвидува во земјата до 2022 година да започнат да се произведуваат електрични возила.

Парите кои се во игра во Европа се многу поголеми, но иницијативите многу помали. Целите на Индонезија секако се амбициозни, а единствената предност што ја има земјата во однос на Европа е тоа што планира да ги искористи своите минерални суровини за да стане клучен центар во ланецот за снабдување со литиумски батерии. Индонезија има 260 милиони жители и годишно таму се продаваат по нешто над милион возила. Во неа свои фабрики имаат шест автомобилски производители, главно јапонски. Цената на литар бензин во оваа земја изнесува околу 0,65 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER