Дојде ред и бензинот да поскапи…
Објавено на 2 септември 2019 година
Цик-цак промените на цените на горивата кај нас продолжуваат – после две поскапувања само на дизелот, дојде ред и бензинот да поскапи. Според одлуката на регулаторната комисија за енергетика, неговата цена од ноќеска на полноќ па во наредните седум дена ќе биде за половина денар поголема, така што за литар еуросупер 95 ќе плаќаме по 67, а за литар еуросупер 98 по 69 денари. Цената на дизелот останува иста – 61 денар. До ова поместување на цените на нафтените деривати кај нас е дојдено како последица на промената на референтните цени на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – нивното зголемување кај бензинот за 1,61% и намалувањето кај дизелот за едвај 0,07%, како и на доларот кој сега е поевтин за 0,033%.