Доделени Верна наградите на Макпетрол
Редовното извлекување на Верна наградите на двајца најсреќни потрошувачи на Макпетрол им донесе лаптоп Dell и гумен чамец Highfield CL380 со приколка и мотор Honda од 20 KS
Објавено на 13 јули 2019 година
На почетокот на сезоната на летни одмори Макпетрол ги додели наградите од четвртото редовно и второто мастер коло од годинешната серија на наградна игра на Верна програмата за лојалност. По тој повод Мишко Тасевски, раководителот на секторот маркетинг во Макпетрол изјави дека компанијата уште повеќе се приближува до своите потрошувачи преку оваа програма за лојалност која досега брои повеќе од 170 илјади членови, што е доволен показател за заложбите за создавање успешен проект препознат од сите. Во склоп на него четврта година по ред Макпетрол ги наградува своите верни потрошувачи создавајќи вредна традиција преку која им се заблагодарува на добиената доверба и поддршка.
Во извлекувањето на наградите од четвртото редовно коло учествуваа 180.000 квалификувани трансакции, а во извлекувањето на главната награда од второто мастер коло 345.000 трансакции. Меѓу нив најсреќни беа добитникот на лаптоп Dell Ристе Златевски, како и Оливер Панковски кој си замина со гумен чамец Highfield CL380 со приколка и мотор Honda од 20 KS. На врачувањето на наградите директорот на малопродажба Љупчо Георгиевски истакна дека иако компанијата во неколкуте изминати години е посветена на реализација на крупни инвестиции во синџирот на бензинските станици, посветеноста кон Верна програмата за лојалност воопшто не се намали. При тоа беа имплементирани нови можности во насока на поширока понуда на промоции и поефикасно искористување на поволностите што ги опфаќа. Од наградната игра до крајот на овој циклус остануваат уште 5 редовни, 2 мастер кола и на финалното извлекување, кога ќе биде доделена главната награда Honda HRV.