Класичните лимузини не се мртви!
Со студијата ID Aero, Фолкваген ја претстави речиси финалниот изглед на лимузина со четири врати што е на исто ниво, со Passat и Arteon и, за разлика од нив, има целосно електричен погон. Електричниот наследник на Passat пристигна и изгледа прилично добро, иако премногу сличен со останатата ID-гама на Volkswagen. Познатиот изглед сепак подобро стои на една ваква голема лимузина отколку на хечбек или кросовер, со блага воздржаност околу задниот дел кој некако не импресионира. Затоа пак од профил ID.Aero како што му е ознаката демонстрира надменост која е потребна за да го наследи деценискиот владетел на класата. Речиси пет метри долгиот ID Aero има батерија од 77 kWh, која треба да овозможи автономија од над 600 километри. Последно, но не и најмалку важно, за ова е добриот коефициент на отпор од 0,23. Технички, тој е базиран на платформата MEB, која меѓу другото служи како основа за моделите ID 3, ID 4 и ID 6. Патем, продажното име за ID Aero треба да биде ID 7 дури и ако веќе постои кросовер под ова име во Кина. Внатрешноста е дизајнирана во минималистички стил со преголем екран кој зафаќа многу простор. Мала резерва дека ентериерот можеби ќе биде поскладно решен е што ова е студиска верзија па Volkswagen допрва треба да го покаже финалното решение во серискиот модел. Тој ќе започне да се продава најпрво во Кина, уште во втората половина од годинава, а идната 2023-та и во Европа и Америка. Најавено е дека овие верзии малку ќе се разликуваат, но точно во што не е познато. Користена е механиката на MEB платформата растегната на скоро пет метри. Покрај сега прикажаниот хечбек седан, треба да има и караван верзија наречена Shooting Brake. Во поглед на батериите и електромоторите нема ништо ново, но сепак би требало да ги почекаме нашите изведби. Патем речено, Passat добива и наследник со класични бензински и дизел мотори со електрична помош.