Германија ги намалува субвенциите

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Од 2025 се укинува помошта за електричните возила!

Најразвиената европска економија го стега ременот за субвенциите на електричните и електрифицираните возила. Федералната влада на Германија финансиската стимулација за набавка на еколошки возила треба значително да ја намали, најдоцна од следната година. Оваа одлука нема да ги опфати компаниските возила, компаниите што се занимаваат со транспорт и занаетчиите. Компромисот доаѓа кусо време по најавата за укинувањето на субвенцијата за набавка на возила со приклучен хибрид. Овие решенија предизвикаа несогласувања во сојузната влада. Министерството за финансии ја сметаше субвенцијата за штетна, додека Зелените инсистираа на коалицискиот договор. Со него се предвидува актуелното финансирање да се намали, но конечно да прекине до 2025 година. Според тоа, субвенцијата за автомобили кои чинат помалку од 40.000 евра која досега била во висина од 6.000 евра ќе се намали на 4.500 евра. За поскапи е-автомобили државната поддршка треба да биде само 3000 евра, а за оние поскапи од 65.000 евра нема да има финансирање. Сепак, Министерствот за финансии ќе ги продолжи субвенциите додека не се исплатат вкупно 2,5 милијарди евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER