Во Србија субвенции за старите дизели

Дури 2.100 евра помош за купување нов автомобил

Српските власти ги дефинираа деталите од обемниот проект за замена на старите дизели со поеколошки автомобили

Од 1 јануари идната година српските граѓани кои ќе сакаат да го заменат својот стар дизел ќе добијат државни субвенции во висина од 2.100 евра за купување Еуро 6 автомобил. На ваква широкограда помош можат да сметаат околу 140 илјади возачи кои имаат автомобил со Еуро 3  или пониски еколошки норми. До октомври треба да биде позната и целата процедура, по што ќе биде објавен јавен повик и ќе започне пријавувањето на заинтересираните граѓани. Основа на идејата која гарантира успешност на проектот е тие за наведената сума да го продадат својот стар автомобил на државата која понатаму ќе се грижи за неговото рециклирање. Овозможено е купување на нов или користен автомобил, практично не постар од 8 години кога започнаа да важат Еуро 6 нормите.

За финансирање на целиот проект се одвоени 102 милиони евра. Со него се опфатени и лесните товарни возила чии сопственици ќе добијат по 2.500, како и автобусите за кои следуваат 2.900 евра. Во Србија има вкупно 2,8 милиони возила, од кои 20 отсто се со Еуро 3 или постари мотори.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER