Во Кувајт се топат автомобилите и семафорите, ама…
Не верувајте во сé што ќе видитe!
Објавено на 20 јуни 2019 година
Минатиот викенд во Кувајт беа измерени 63 степени целзиусови, ситуација што беше проследена со фотографии од автомобили и семафори кои се топат на жешкото. Арно ама, испадна сега сето тоа е една голема лажга со опашка за да се привлечат кликови бидејќи фотографиите воопшто не се тие што треба да бидат – онаа со автомобилите е од Аризона и е снимена лани после еден пожар, што е случај и со семафорите, кои навистина се Кувајт но од 2013 година. Дури и температурата е спорна, бидејќи е измерена директно под сончевите зраци.