Едноставно, ефикасно ажурирање е сè што понекогаш му треба на некој модел. Тоа Hyundai го направи на Tucson и покажа дека малите доработки проткаени со нова технологија и засилен ентериер помагаат да се остане во чекор со другите бестселери во сегментот на компактни кросовери.

И еве го, обновениот Hyundai Tucson пред мене, подготвен да ми служи во овие врели денови. А кога е живата на термометарот во темно-црвеното поле, тогаш не е важно дали возилото има електричен, бензински, дизел или хибриден погон. Важно е да има клима што добро функционира.

Тест возилото, не само што има климатизација што одлично работи и се спротивставува на тропските температури со завиден успех, има и ладење на кожените седиштата кое ниту еднаш не дозволи кошулите да ми се залепат и да излезам од возилото како од теретана, со голема водена флека на грбот и панталоните. Тропскиот бран што беше актуелен мината недела не ме изнамачи многу, напротив.

Бидејќи е хибрид, Tucson има неколку остварувања што се типични на потполно електричните возила. Тоа е функцијата да може да го ставите возилото во приправна состојба, во која, благодарение на батеријата од 1,49 kWh, може да ви ја подготви кабината да ве пречека со студена прегратка, толку убаво во овие врели денови. И тогаш работите се многу поинакви…
Како изгледа…

Ајде малку да подискутираме за изгледот. Впрочем тој не се има сменето многу од 2022 година. Сега Tucson доби суптилна надградба. Веќе познатите острите линии и аголните фарови го прават кросоверот да изгледа елегантен и футуристички. Ќе ги забележите ли новите браници и поедноставените фарови на обновениот модел?

Веројатно не, но тоа е во ред. За надворешниот изглед нема што многу да трошиме зборови. Тој е таков што беше зададен пред три години и делува сосема современо. Затоа пак, внатрешноста пее друга песна. Детално е променета. Не концептуално, туку квалитативно. Во нивото на опременост Impression таа е навистина импресивна.

Има со кожа прекриен интериер, пластиките се на повисоко ниво од оние вградени пред рестилизарањето, а целиот впечаток е многу подобар. Рака на срце, не се направени големи зафати. Сé уште во игра се двата обединети 12,3 инчни монитори, но впечатокот е многу подобар. Тоа е поради имплементирањето на истата ракета за контрола на менувачот shift-by-wire на управувачкиот столб што се користи во Ioniq 5 и 6 EV, плус истиот распоред на двоен дигитален дисплеј што дели драматично закривено куќиште.

Tucson има и здрав избор на физички копчиња со кои се навигира аудио и инфозабавниот систем и тоа многу лесно. За ценење се просторите за одложување на дребулии низ кабината и масивниот потпирач за рацете помеѓу предните седишта кој, воедно, е станица за безжично понење на мобилни телефони. Со 550 литри, багажникот е голем, но моја забелешка е што нема можност да се сегментира и да се фиксираат торбите.

За тоа на помош доаѓа стромодната, но практична мрежа. Во кабината амбиентот е пријатен. На предните седишта седењето е удобно со изразен простор комодитет. И на задната клупа не е поинаква прикаската.

Таа е деллива по принципот 40:20:40, но доколку на неа патуваат двајца нема да имаат никакви замерки, па дури биле повисоки од 180 цм.
Зад управувачот
Високата позиција на седење, добрата прегледонст на екраните, мулти-функционалниот волан, и ќе повторам, удобните климатизирани седишта си ја работат работата одлично.

Згора не тоа, во Tucson сè уште се нуди безжичен Android Auto и Apple CarPlay. Знаеме дека нема да биде вака засекогаш, бидејќи сите производители развиваат свои системи на конективност, но уживајте дури трае моментот. Значителен дел од вредноста на Hyundai Tucson Hybrid доаѓа од технологијата за помош на возачот и безбедносната технологија понудена како стандардна опрема.

Постои цела низа сензори и камери кои работат заедно за сеопфатен пакет за помош на возачот. Системот за помош при возење на автопат работи добро и бараше само една интервенција за време на моето време со него. Бев „пресечен“ од возило на автопатот, а системот немаше време да ја прилагоди својата брзина, па ме предупреди да преземам контрола.
Како е да се вози
Ако има едно нешто што останало конзистентно во текот на последните неколку моделски години на Hyundai Tucson Hybrid, тоа е мазноста на погонскиот склоп.

Хибридниот систем се движи помеѓу согорувањето и електричната енергија речиси беспрекорно. Ако инсистирате да бидете агресивен возач, можете да го почувствувате премостувањето, но дури и тогаш е доста суптилно. Пакетот за суспензија нуди удобно возење без да ви даде здодевно искуство кога сакате да се развеселите.

Со 215 КС комбинирани помеѓу бензински и електрични извори на енергија, нема премногу сила за играње, но е доволно за да ги одржи работите на интересно ниво, без да се чувствувате напнато. Единствен „недостаток“ е што возениот модел беше со погон на предните тркала. Поради тежината на предниот дел, кога го возите поагресивно, се јавува надуправување, или народски речено, предницата сака да избега…

За воља на вистината, тоа лесно се решава со одземање на забрзувањето. Па дури ако ги употребувате палките за регенеративност зад управувачот, можете да почуствувате добар бенефит од нив. Во зависност како ги модулирате овозможено ви е да ја полните батеријата, но веедно и да влијаете на перформансите и економичноста.

Многубројните системи за активно асистирање на возачот се можеби пренагласени во своето делување, но тие се делотворни. Hyudai Tucson 1,6 T-GDI Hybrid се покажа како економична солуција. Во моите 470 километри, колку што извозев со него, просечната потрошувачка изнесуваше 7,6 литри бензин што е податок за пофалба.
Колку чини Hyundai Tucson 1,6 T-GDI Hybrid

Па добро не е евтин. Богато е опремен и добро стокмен. Списокот на опременост е долг, дури и тежок за читање. Има многу дополнителни системи, во некои елементи навлегува и во премиум сегментот.

Но цената, од рамно 50.000 евра, со сите дополнителни остварувања, изгледа висока. Мене не, бидејќи Tucson ми пружи извонредно искуство, во кое не се натпреварував со самиот себе, туку си дозволив да уживам во секој километар. Доколку одлучите да го купите овој модерно накитен модел, со долг ферман опрема, која ќе ви направи ќеиф на долги патеки, обратете се на Шпаркасе Лизинг.

Астрономските 50.000 евра делуваат многу по прифатливо . Со учество од 11.111 евра, само пет кеца, на период од 84 месеци, ратата ќе изнесува 617 евра. Богатата опременост, хибридниот систем, седум годишната гаранција и економичноста ја заслужуваат оваа авантура.