Бензинските пумпи во Германија ќе наплаќаат пумпање на пневматиците

Толку ли им оди лошо?!

Дали како последица од електрификацијата и со тоа намалената продажба на горива или пак економската ситуација таму навистина е толку лоша, бензинските пумпи во Германија на своите клиенти ќе започнат да им наплаќаат за проверка на притисокот и допумпување воздух во пневматиците. Оваа вест која проструи низ германските медиуми засега ниту е потврдена но ниту демантирана од дистрибутерите на нафтени деривати, но ако се знае дека Shell ваква практика спроведува веќе десет години, тогаш сигурно има вистина во неа. Причината за вакво нешто наводно е дисперзијата на трошоците што ги плаќаат возачите, што барем теоретски би довело до пониски цени на основните продукти кои би се надоместиле со вакви и слични дополнителни услуги. Се споменува и дека бензинските пумпи имаат трошоци за набавка и одржување на опремата, која според прописите на одреден период треба да биде баждарена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER