Батерии за ЕВ – Се бара алтернатива

Ретките метали виновници за цената

Батериите ќе поевтинат кога ќе се најдат солуции за скапите материјали за нивна изработка

Колку и некои производители да се обидуваат да најдат алтернатива за ретките материјали во батериите, тие и понатаму доминираат. Затоа и електричните возила се скапи а нивното производство еколошки дискутабилно.

Според процените на аналитичарите дури кон крајот на деценијата може да се очекува некаквно реално подобрување во однос на сегашните позииции. Дотогаш во еден пакет батерии за просечен електричен автомобил ќе има 6 килограми литиум, околу 8 килограми кобалт и 29 килограми никел.

Се користат уште и 80 килограми бакар и 30 килограми графит, што посочува на неопходно усовршување на технологиите за рециклирање на батериите. Тоа во моментов го прават малку компании со високи трошоци, но ако растот на продажбата на електричните возила продолжи со очекуваното темпо лесно може да се случи да дојде до недостаток на ретките метали. А тоа јасно како ден ќе ги поскапи батериите кои во моментот чинат нешто помалку од 140 долари за киловат-час.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER