Европскиот пазар е најкомплексен во светот, но сепак сите марки сакаат да бидат присутни, дури и американските со сета своја гломазност како што е RAM. Porsche го прослави 75-от роденден со пригодно собирање и во Македонија. Новиот електричен кросовер е најмалиот модел на Volvo, доаѓа со две опции на батерии и забрзува до стотка за 3,6 секунди, Tesla ќе гради фабрика за батерии во Шпанија, а Lexus со два нови модели ја продолжува офанзивата на глобалната сцена. Добредојдовте во новата премиера на Авто Магазин.


