Светот на автомобилската индустрија е за некого магичен, за некого кошмар. Ова првото важи за првиот човек на групацијата Stellantis, Карлос Таварез, кој лани на своето конто забележа 36,5 милиони евра на име на плата. Кога сме кај големите суми неможе да го заобиколиме Rolls Royce кој го претстави третиот мулти милионски модел Droptail произведен по нарачка. FIAT секогаш важел за народна марка, па не чуди што го продолжи животниот век на својата иконска Panda за уште три години. Honda и Тоyоtа се упорни на пробивање на технологијата на водородни горивни ќелии. До таму што Toyota Mirai сега во Калифорнија се нуди со 40.000 долари попуст. Ова е совршен автомобилски сеир.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu