Денеска имаме два жешки новитети чија заедничка основа е само тоа што ја претставуваат својата третата генерација. Едниот е посветен на оние со длабок џеб, префинет вкус и висок статус, додека вториот е ориентиран кон рационалните купувачи. Ви ги претставуваме Porsche Panamera и Dacia Duster. Најголемото планетарно жири, според земји учеснички, AutoBest ги заврши тестирањата на претендентите за титулата Best Buy Car of Europe. Го тестиравме „Светскиот пикап на годината за 2024“ VW Amarok со потентниот V6 3.0 TDI мотор.