Zero – DSR/X

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Авантурист и еколог

Беше прашање на време кога производителот на електрични моторцикли Zero ќе  ја прошири својата палета на модели за да вклучи целосно електричен авантуристички мотоцикл. Опремен е со нов мотор кој испорачува врвна моќност од 75 kW и 225 Њутн метри вртежен момент со континуирана моќност од 35 kW (48 КС). Ова овозможува максимална брзина од 180 km/h додека батеријата е со капацитет од 17,3 kWh, а комбинираниот досег е околу 185 километри. Згора на тоа опремен е со ABS систем на Bosch прилагоден за функционирање на терен со функција „Vehicle Hold“ која помага при возење на нерамни теренски подлоги.

Zero DSR/X има и помош за маневрирање и напред и назад. По желба, од пролет некои од преградите за складирање може да се заменат со резервоар за напојување за да се зголеми капацитетот на батеријата на речиси 21 kWh или со модул за брзо полнење кој, според производителот, го намалува времето на полнење на околу еден час. Задоволството да се вози ваков мотоцикл нема да биде евтино бидејќи Zero DSR/X се нуди по цена повисока од 26.500 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER