VW Tiguan – Македонска премиера

Третата генерација е претставена на македонскиот пазар каде Tiguan има голема популарност

Ако зборуваме за успешни прикаски, VW Tiguan треба да се класифицира меѓу врвните.

Од неговото претставување во 2007 година продадени се 7,6 милиони примероци, а само во последните две години забележани се еден милион нови регистрации. Исто така, Tiguan последователни пет години е најпродаваниот модел во целата групација Volkswagen. За да продолжи на тој курс доби задолжителни естетски дотерувања и двојно зголемување на електричната автономија за изведбите со приклучен хибрид.

Новиот Tiguan е поставен на модерната MQB еvo платформа на VW, но меѓуоскиното растојание од 2.681 мм е задржано. Со новите линии каросеријата делува потопло и доби помускулест став. Надворешноста ја дефинираат светлосните ленти на предницата и задниот дел, а во зависност од изведбата маската на ладилникот се разликува.

За спортската R-Line долниот дел од предницата доби мрежа со дијамантска форма, уште полут изглед и црни површини. Пријатно изненадување е внатрешноста која е подвргната на голема ревизија. Се издвојува со високите стандарди на материјал и изработка. Сега инструментите се по теркот на новиот Passat и на неговиот електричен братучед ID.7, а како и тие автомобили, Tiguan исто така добива физички, наместо чувствителни на допир копчиња на воланот.

Инфозабавниот екран од 15 инчи има целосно нова структура на менито и графика, манипулаторот на менувачот е поставен десно од воланот и ослободува простор во конзолата за телефони, паричници и нов ротационен контролер. Тој се користи за контрола на профилот на возење, јачината на звукот на радиото или пак, за прилагодување на боите на амбиентното осветлување.

Платформата MQB evo овозможува Tiguan да биде задвижуван од различни погони. Понудата ја сочинуваат познатите мотори на согорување TDI и TSI со мануелен и автоматски менувач. Списокот продолжува со електрифицираните опции. Нив ги сочинуваат благи хибриди означени eTSI како и приклучните хибриди  DSG кои ќе бидат опремувани само со автоматскиот DSG. Приклучниот хибрид има електрична автономија до 100 километри благодарение на батеријата од 19,7 kWh.

Цените започнуваат од 42.900 евра. Сите информации за новиот VW Tiguan можете да ги добиете во импортерскиот центар на Порше Македонија и на официјалниот сајт www.volkswagen.com.mk

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER