VW развива нова архитектура со Xpeng

Групацијата Volkswagen развива нова архитектура за интелигентни и електрични автомобили со својот кинески партнер Xpeng, со која ќе понуди подостапни електрични возила на најголемиот светски пазар.

Архитектурата China Electrical Architecture (CEA) ќе овозможи да се постигне намалување на трошоците од 40 проценти. Архитектурата користи централен компјутер и зонална структура за да ја контролира целата електроника за да постигне функции како што е автономното возење.

„Конкуренцијата е многу жестока и ние мораме да ја прилагодиме структурата на трошоците за да бидеме конкурентни во оваа средина“, изјави шефот на групацијата Volkswagen за Кина, Ралф Брандштатер. „Тоа е одлучувачки чекор во нашиот развој на специфични за Кина, интелигентни поврзани возила и забрзување на нашата силна стратегија „Во Кина, за Кина“. Лани VW купи 4,99 отсто од Xpeng за околу 700 милиони долари со планови заеднички да лансира две БЕВ спортско-корисни возила.

И двете компании сметаат дека нивната соработка на платформа и софтвер ќе ги намалат трошоците и ќе го намалат времето за развој за 30 проценти. VW ја изгуби титулата на најпродавана марка на автомобили во Кина кон крајот на 2022 година од BYD. Германците сакаат да ја прошират својата палета на производи во Кина за да привлечат купувачи, особено во сегментот на електрични возила.

VW минатата недела објави дека планира да инвестира 2,5 милијарди евра во Кина за да го прошири својот производствен и иновативен центар во градот Хефеи во провинцијата Анхуи. VW ID.3 стана еден од најпродаваните БЕВ во Кина, откако компанијата ја намали цената за нешто повеќе од 4.500 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER