Vespa GTV во чекор со времето

Спортски дух во класично издание

Како еден од новитетите на Piaggio групата, Vespa GTV ги комбинира класичниот со спортскиот изглед

Чувајќи го статусот на амбасадор на класичното што го доби во 2006 година кога беше претставена, дизајнерите на Piaggio ја унапредија Vespa GTV да држи чекор со  времето. Тоа значеше задржување на ниско поставеното светло кое стана автентичен препознатлив детаљ, заедно со уште некои други кои потсеќаат на минатите времиња во комбинација со најсовремената технолошка опрема. Иако не се чини така, овој скутер длабоко е изменет како резултат на исклучителниот спој на традицијата и модерното, класичното и агресивното, така што е најспортската Vespa било кога направена.

За тоа се грижи и едноцилиндричниот агрегат од 300 кубни сантиметри со четири вентили, водено ладење и вбризгување на горивото кој располага со 24 KS, што е најмногу со што некоја Vespa е испорачана. Носталгично поставеното светло е ЛЕД, а инструмент таблата иако и понатаму има кружен изглед целосно е дигитална. Нов е и дизајнот на тркалата, а двобојното седиште со портокалови шевови доаѓа како препознатлив знак на Vespa GTV. Пакетот е заокружен со систем за стартување без клуч, ABS и ASR електронските системи како безбедносен додаток.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER