Triumph – Нов Гинисов рекорд

Иван Сервантес со својот Triumph Tiger 1200 GT Explorer постави нов рекорд за најмногу изминати километри за 24 часа на моторцикл

На добрите познавачи на морциклистичкиот спорт името Иван Сервантес е блиско. Овој ас во својата кариера е пет кратен Светски шампион во ендуро, а во своето портфолио поседува уште 21 ендуро титула во шпанскиот шампионат и бил пет пати шпански шампион во Мотокрос.

Во улога на амбасадор на Triumph се наоѓа две години и неа ја потврди на најдобар можен начин. На патеката Нардо, Иван успеа да помине 4012 километри за 24 часа, надминувајќи го претходниот рекорд за повеќе од 600 километри.

Подвигот е направен со случајно избран моторцикл од производствената линија во фабриката во Хинкли, Англија. Тој со Triumph. Tiger 1200 GT Explorer, кој патем речено, не претрпе никакви модификации.

Во рушењето на рекордот од изминати 4.012,53 километри сменет е еден пневматик, а просечната брзина изнесуваше 167,79 км/ч.

Возејќи со брзини поголеми од 200 км/ч Иван го надмина постоечкиот рекорд од 3.406,17 изминати километри за пет часа, време во кое лежерно го постави новиот рекорд кој е подобар од претходниот за 606 километри.

Патеката Нардо во Италија е долга 12.649 метри. Остварувајќи го новиот рекорд Иван Сервантес помина 317 круга, направи 18 застанувања и истроши 520 литри гориво.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER