Triumph – Scrambler 1200

Triumph ја претстави новата Scrambler линија сочинета од 1200 X и подобрениот XE

Овој мотоцикл иако се произведува во Тајланд е врвно дело на британскиот класичен инженеринг со убедливи спецификации кои му ги обезбедуваат агрегатот од Bonneville 1200, предното тркало од 21 инч и беспрекорниот квалитет во завршната обработка.

Суштинската разлика меѓу двата модела ја истакнува Scrambler 1200 X со своите способности какви купувачите сакаат, во комбинација со широката понуда на опрема и технологии. Пониското седиште, потесното кормило и пократкото меѓуоскино растојание нудат функционалност по конкурентна цена и сервисни интервали од 16.000 километри, што значително ги намалува трошоците за одржување.

1200 XE пак располага со полниот потенцијал што му го обезбедува механиката која сега вклучува ново ослонување со подобрена прилагодливост, Brembo Stylema сопирачки и унапредени голем број детали. Конструиран да пружи еднакви можности на асфалт и надвор од него, тој сигурно ќе биде во фокусот на купувачите кои бараат авантура.

Marzocchi предната вилушка, задното ослонување со подесување на преднапрегањето и оптимизираната електроника која овозможува контролирано пролизгување низ свиоците ќе придонесат за тоа. Петте режими на возење и совршената рамнотежа во испораката на 90-те коњски сили и 110-те њутн метри вртежен момент, заедно со специфично длабокиот и карактеристичен звук остануваат заштитен симбол на Scrambler.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER