Triumph – детално обновување

Моторцикли

Пролетно чистење

Triumph ја користи конверзијата Euro5 за сеопфатна надградба на неговaтa понуда

објавено 26. февруари 2021

Дотерувањето на моторите во согласност со нормата Euro5, британскиот егзотичар го искористи за темелно обновување на понудата во текот на годинава. Познатите мотори со зафатнина од 900 и 1.200 cm3 сега се посилни, имаат зголемен вртежен момент и штедливост.

Моделот Bonneville T120 е полесен за седум килограми, подобрен за управување и има, меѓу другото, нови алуминиумски бандажи, поквалитетен систем за сопирање со двојни дискови од Brembo и нови инструменти. Темпоматот и режимите за возење „Пат“ и „Дожд“ се подобро усогласени. Покрај некои општи промени во серијата Bonneville изведбата  Speedmaster има и посилна вилушка со дијаметар од 47 милиметри. Ниско поставеното возачко седиште има посебна поддршка на лумбалниот дел што ја подобрува удобноста на долги релации. ЛЕД осветлувањето вклучува и дневни светла. Bonneville Bobber ги покажува највидливите промени. Има поголем резервоар од дванаесет литри, а како дел од бонусот се црните капаци на моторот и модифициран стил на инструментите. Овие изведби ќе бидат на пазарот во мај. Кон средината на април ќе бидат објавени детали за моделите Street Twin, Scrambler и Gold Line Limited Edition со мат-црна завршница и рачно насликани златни акценти кој доаѓа со сертификат за автентичност.