Нови детали и возни карактеристики кои остануваат главен адут
Иако веќе зрели за замена, во Seat мислат дека Ibiza и Arona сé уште имаат добар пазарен потенцијал. Посебно со унапредувањата кои им ги наменија за почетокот на идната година. Изгледот не се разликува многу но доволно да се прави разлика од досегашните модели. Возачите ќе се радуваат на фактот фул ЛЕД светлата се стандардни на сите модели но не и на тоа дека поскапата опција со видливи поединечни ЛЕД елементи се укинува.
Внатрешноста е значително унапредена со нов управувач, поквалитетни материјали и поудобни седишта. Спортскиот FR пакет го нагласува чувството во возењето за кое Шпанците велат дека иако е потврдо и одлучно се справува со нерамнините на патот.
Понудата на агрегати засега останува непроменета и стартува со 1.0 TSi со 80 кај Ibiza и 95 коњски сили кај Arona. За многумина вистински избор ќе неговата 115-коњска верзија која може да се спари со седумстепен DSG менувач, кој пак е единствена опција за 1,5 литарскиот TSi со 150 коњи. Детаљ кој ќе се забележи е и дека рачната сопирачка е задржана класична. Цените се познати само за Шпанија.




