Обновен трендсетерот

Веќе две децении Piaggio Beverly е име кое ја дефинира европската скутерска сцена во повеќе категории.

објавено 24. март 2021

Лансирањето на новата серија за 2021-ва ќе ја зацврсти неговата успешна пазарна позиција со познатите карактеристики – елегантниот стил и спортските перформанси. За него се подготвени два нови мотора од 300 и 400 кубни сантиметри кои ги исполнуваат Еуро 5 еколошките стандарди. Нивната сила не е којзнае колку голема – располагаат со 26 и 35 коњски сили, но вртежниот момент го испорачуваат во широк дијапазон на работа. Оттаму и доаѓа високото ниво на агилност во градски услови, по што овој скутер е посебно ценет. За подобро и побезбедно возење ќе се погрижат новото ослонувањето со Showa вилушка и пошироките пневматици напред од 16 а назад од 14 инчи. За нагласениот спортски изглед придонесува и новото ЛЕД осветлување, а за поголемо задоволство на купувачите систем за стартување без клуч, 5,5 инчната инструмент табла и конективните можности.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER