MV Agusta – Стана дел од КТМ

Акционерите ќе се радуваат, но поголем број од мото ентузијастите ќе имаат кисела насмевка

MV Agusta станува дел од семејството на KTM. Дека постојат планови за тоа не беше тајна, но јавноста знаеше дека тоа ќе се случи дури во 2026 година. Но ете веќе сега матичната компанија на КТМ стана мнозински сопственик на славната италијанска марка.

Според стратегијата меѓусебната соработка ќе биде продлабочена а австриско-индискиот конгломерат ќе ја презеде целата грижа за технолошкиот развој. Желба е производството во погоните во Варезе да се издигне на ниво над 10 илјади мотоцикли годишно, што подразбира нивна модернизација. Директорите на MV Agusta веќе се заменети, со што интеграцијата на италијанската марка во групата KTM и официјално е започната.

Дали ќе биде задржано нешто од уникатните карактеристики по кои мотоциклите на MV Agusta се познати и ценети, засега не е познато.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER