Moto Guzzi – Centenario

Лимитирани серии за стотиот роденден

Популарни цени за вредни изданија

објавено 22. јануари 2021

Само пред неколку дена од таборот на Moto Guzzi најавија дека тековнава година ќе се обележува сто годишнината од постоењето на оваа култна марка. Покрај обновените актуелни модели во оваа пригода се лансираат специјални ограничени едиции на V7, V9 и V85 TT со дополнителната ознака Centenario (прослава на 100-годишнината). Посебна карактеристика е истоимената боја, која се базира на старите тркачки машини на марката, особено Otto Cilindri од 1955 година со своите осум цилиндри. Јубилејните модели, кои ќе бидат достапни од следниот месец, имаат металик изглед на зелена и сребрена боја, како и мат финиш и кафеаво, природно обоено покритие за седиштата. Орелот со златен изглед го краси резервоарот како амблем на брендот, а налепницата на предниот капак ја означува 100-годишнината. Цената за V7 Stone Centenario е 9.300,00 евра, за V9 Bobber Centenario 10.950 евра и 12.490 евра за V85 TT Centenario. 100-от роденден ќе биде прославен и на традиционалниот светски состанок „Giornate Mondiali Moto Guzzi“ во Мандело дел Ларио, кој е планиран да се одржи од 9 до 12 септември.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER