Mitsubishi D:X – Japan Mobility Show 2023

Моноволуменски кросовер

Новиот концепт на Mitsubishi е кросовер со моноволуменски изглед и шест седишта

Еден од ретките неелектрични новитети на салонот во Токио (кој сега се вика Japan Mobility Show) беше малиот буцмест миниван на Mitsubishi кој е вреден внимание. Дава поглед кон идната генерација на Delica, моделот кој само Јапонците го знаат. Има шест седишта и е наменет за луѓе кои ги сакаат природата и авантурите. Ги комбинира моноволуменските и кросоверски атрибути – интегралниот погон, издигнатата каросерија, лизгачките врати и скоро рамниот покрив. Сите овие решенија се имплементирани со желба просторот да се искористи на најдобар можен начин.

Кратките превиси му обезбедуваат проодност на нерамен терен, од кој каросеријата ќе штитат масивните пластични елементи напред, назад, од страна и околу тркалата. Нема централни столбови за да се истакне пространоста која дополнително е зголемена со багажникот на покривот. Покрај големите стаклени површини  видливоста на возачот ја подобрува и камерата на предниот дел чија слика се проектира на голем екран поставен на контролната табла со што се создава илузија дека ветробранското стакло се простира и нанадолу. Модуларноста на кабината е обезбедена со седишта кои Mitsubishi ги нарекува панорамски. Тие не само што можат да се поместуваат напред-назад, туку предните и ротираат во полукруг. Во секој наслон за глава се поставени пар звучници.

Концептот со ознака D:X е замислен како плаг-ин хибрид, но освен тоа други детали за погонскиот склоп не се објавени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER